41
Царински службеници од Царинската управа пронашле тројца илегални мигранти од Судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење.
„Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите“ соопштија од Царинската управа.
Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на Царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на Министерството за внатрешни работи“, велат од Царинска управа.