Муцунски: Повеќе луѓе се повикани во полиција за лажните информации околу скопската вода

by irena 20:43
20:43

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва изјави дека неколку луѓе се повикани на информативен разговор во врска со денеска проширените шпекулации дека водата во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли.

На социјалните мрежи утрово молскавично се проширија информации дека скопската вода е загадена, поради што мораа да реагираат и властите, а скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и се напи вода од чешма на прес-конференција.

Муцунски вечерва во гостување на „Сител“ рече дека мора да има одговорност за раширената паника.

„Како што сум информиран МВР има повикано повеќе лица на информативен разговор и според мене мора да има одговорност за ова што се случува. Не може туку така да споделувате информации и да ширите паника“, рече Муцунски, кој, исто како и Ѓорѓиевски пред него, директно го обвини опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) за ширење на лажните информации.

Слични вести