56
Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат спокојни. Ова пред малку на прес конференција го сподели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма.
– Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој нагласи дека тој, неговото семејство и 8 и пол годишниот син ја пијат оваа вода за која кажа дека е чиста и една од најквалитетните.
Прес-конференцијата следи откако на социјалните мрежи се проширија вести дека во водата од скопските чешми има бактерија „ешерихија коли“.