Почина 83-годишен пациент со повеќе хронични заболувања, но и со западнонилска треска

by irena 12:01
12:01

Почина 83-годишен пациент кој бил заразен со вирусот на западнонилска треска, а имал и повеќе хронични заболувања.

Од Министерството за здравство денеска се очекуваат дополнителни информации за состојбата на заболените, како и за евентуално регистрирани нови случаи на инфекција со вирусот.

Надлежните препорачуваат посебно внимание кај повозрасните лица и лицата со хронични заболувања, бидејќи кај нив постои поголем ризик од развој на потешка форма на болеста.

Во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западнонилската треска.

Слични вести