СДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме – повторно народот е „талог“

by irena 09:07
09:07

СДСМ ја обвини власта дека наместо да преземе одговорност и да се извини за погрешното прикажување на македонското знаме на официјална државна прослава, повторно ги напаѓа граѓаните и опозицијата.

Од партијата велат дека на државната прослава било прикажано знаме со 12 краци, наместо официјалната верзија со сонце и осум краци.

Според СДСМ, по реакциите за пропустот, власта првично се обидела спорното решение да го оправда како „уметничка инсталација“, наместо да објасни кој е одговорен за грешката и колку средства биле потрошени за реализацијата.

Од опозициската партија обвинуваат дека наместо извинување, повторно бил употребен изразот „талог“ за народот и СДСМ.

„Кога ќе направат грешка – народот и СДСМ се виновни. Кога ќе понижат државен симбол – народот е талог. Кога немаат резултати – народот и СДСМ се проблем“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека станува збор за однос кон граѓаните и државните симболи, а не само за обичен пропуст.

СДСМ обвинува дека власта покажала неспособност правилно да го прикаже македонското знаме, но истовремено продолжила со политички напади кон граѓаните.

„Ова повеќе не е гаф, туку однос“, порачаа од СДСМ, обвинувајќи ја власта дека наместо одговорност и извинување, повторно избрала политички напади.

Слични вести