Во кочанската болница се родиле 7 бебиња за 2 дена

by vlatko 19:05
19:05

Во изминатите 2 дена, на Гинеколошко-акушерското одделение на кочанската општа болница се породиле 7 мајки, при што на свет дошле 4 машки и 3 женски бебиња.

Од Општата болница велат дека се надеваат оти позитивниот тренд ќе продолжи и во периодот што следи, со што ќе има сè повеќе породувања во Кочани.

-Ова е една позитивна вест. Во последните два дена имавме седум породувања по природен пат-четири машки и три женски бебиња. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму и дека ќе има што повеќе породувања – вели директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

Слични вести