Русија ја нападна Одеса со балистички ракети и дронови

by vlatko 14:21
14:21

Руските војници ја нападнаа Одеса со балистички ракети и беспилотни летала, при што беа повредени шест лица, изјави денес началникот на Воената администрација на градот Одеса, Серхиј Лисак.

Лисак во објава на Телеграм изјави дека, според прелиминарните информации, рускиот напад предизвикал штета на станбени згради и инфраструктура.

-Познато е дека шест лица се повредени во непријателскиот напад врз Одеса. Им се пружа сета потребна помош – рече Лисак.

Тој додаде дека станбени згради и автомобили се уништени во неколку делови од градот.

Слични вести