Две девојки скокнале од такси во движење во Тетово, возачот не ги однел на бараната локација

by irena 15:36
15:36

Две девојки од Тетово вчера скокнале од такси во движење бидејќи таксистот не ги однел на бараната локација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 16 часот и 30 минути Д.Ќ. пријавил дека неговата девојка Е.И.(20) и нејзината 16-годишна другарка, двете од селото Пршовце, Тетовско, додека биле во такси-возило, скокнале од него додека возилото било во движење, бидејќи возачот почнал да се однесува непримерно, не го запрел возилото и не ги однел на бараната локација.

Откако скокнале од возилото во движење, тие побарале помош. За случајот е известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Тетово.

Слични вести