Снаа ѝ се заканувала на свекрва во Кавадарци, тетовец ја натепал мајка си

by vlatko 18:57
18:57

Полицијата во изминатиот ден бележи повеќе случаи на семејно насилство низ државата, а во еден од нив, во Кавадарци, свекрва ја пријавила снаата дека ѝ се заканувала.

„На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава од нејзината 75-годишна свекрва, дека во нејзиниот дом, таа и се заканувала. Д.П. била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Во Тетово, пак, 24-годишен насилник ја тепал сопствената мајка, притоа користејќи и тврд предмет.

„На 04.08.2026 во 02:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Р.Џ. (24) од Скопје, кој бил пријавен од неговата 41-годишна мајка дека на 03.08.2026 околу 23:30 часот во семејниот дом во Тетово, физички ја нападнал, а употребил и тврд предмет. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Слични вести