Кривична против лицето кое вербално го нападна Мицкоски во Ташмаруништа

by vlatko 18:31
18:31

Полицијата поднела кривична пријава за насилство против стружанецот кој ги навредувал членовите на делегацијата која за Илинден беше во Ташмаруништа, меѓу кои беше и премиерот Христијан Мицкоски.

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август“, соопшти МВР.

Тој бил пријавен дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, за потоа делото против него да се оквалификува како насилство од омраза.

Слични вести