61
Турскиот државјанин Р.А.(54) почина за време на летот на линијата Истанбул – Диселдорф, по што утрово авионот принудно слета на аеродромот во Белград.
Како што дознаваат српските медиуми, во текот на летот турскиот државјанин отишол во тоалет. Стјуардесата забележала дека го нема подолго време, ја отворила вратата и го пронашла во несвест.
Лекарите можеле само да констатираат смрт.
Според наредбата на обвинителството, телото е испратено на обдукција.