Рашче го штитат вооружени обезбедувачи, а Вруток го „чувал“ само еден катанец!?

by bogdan 12:59
12:59

Во моментот кога приведените во Гостивар беа носени во судот со лисици на рацете, изворот Вруток никој не го обезбедуваше.

Каптажата, освен еден катанец кој, секој што е малку повешт може да го скрши, немаше никаква друга заштита. А, од таму протекува вода што ја пијат 50-70 илјади луѓе секој дневно, плус изворот се користи и за наводнување на обработливи површини.

И, да не заборавиме, од него се полни и почнува да тече најголемата македонска река – Вардар.

Изворот Рашче е заштитен со физичка ограда поставена согласно безбедносните и санитарните стандарди за заштита на изворишта за вода за пиење.

Покрај физичката заштита, околу изворот се воспоставени заштитни зони со строго дефиниран режим на движење и активности, со цел да се спречи какво било загадување или неовластен пристап.

Во рамки на заштитата се спроведува и континуиран мониторинг на квалитетот на водата и состојбата на извориштето, велат од „Водовод и канализација“, претпријатие што стопанисува со веројатно најзначајниот извор на вода во Македонија.

Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК