„Би сакале да го демантираме текстот под наслов “Повторената набавка на автобуси поскапе за над милион евра, пари со кои можеа да се поправат климите на старите возила”
Заради вистинито информирање, потенцираме дека на Јавниот повик, а според одржаната електронска аукција, најниска цена достави компанијата IKARUS Electric Zrt во заедничката понуда со ЕВН и тоа од 3 120 956 004 денари.
На претходниот повик на кој се повикувате, а кој беше неуспешен, истата компанија достави вкупна понуда од 3 133 500 000 денари.
Би сакале да потенцираме дека не треба да се занемари фактот дека понудите се однесуваат на заедничка понуда и за автобуси и за полначи и јасна е манипулацијата која што ја правите.
Но дури и со таква манипулација од фактите, јасно произлегува дека вкупната цена за набавка на автобусите е поевтина за 12 543 996 денари или доколку сакате да се изразиме во евра, поевтина е за 204 000 евра по среден курс на НБРМ.
Заради вистинито информирање на јавноста упатуваме оваа информација да биде објавена во целост“, се вели во демантот кој го објавуваме во целост.