А зошто во Уставот, наместо Бугарите, да не ги ставиме пожарникарите, лекарите, рударите…

by bogdan 13:42
13:42

Никој досега не предложил, наместо Бугарите, во Уставот да ги внесеме, и со тоа да ги кренеме на едно повиско ниво на почитување пожарникарите, кои секое лето водат војна за спас на нашите шуми!

А зошто да не и лекарите, кои деновиве се борат да го заштитат нарушеното здравје на жителите на Гостивар.

Конечно, зошто во Уставот да не ги внесеме и пекарите, млекарите, лозарите, тутунарите, рударите, како и учителките, медицинските сестри, таксистите, метачите на улици, продавачките на цвеќе и слични чесни професии.

Што направиле Бугарите за нас, па да ги ставаме во Уставот, е прашање, кое е тешко да се одговори.

Ама што направиле и секој ден прават за нас пекарите, млекарите, лекарите, рударите, наставничките и негувателките и сличните професионалци, е прашање, кое има очигледен одговор.

Без нивниот придонес, ништо нема да функционира во државава.

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК