Три жени ги мачел со електрошокови и им изнудувал пари, кривична за маж од Пробиштип

by irena 13:24
13:24

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, осомничениот подолг временски период вознемирувал три жени, упатувајќи им закани, а во два наврати употребил и електрошок за да изнуди пари од нив.

Како што наведуваат од Министерството, на 3 јули 2026 година пријавениот ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и нивната мајка, при што со закани и употреба на електрошок изнудил вкупно 110.000 денари.

Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со постапката за расчистување на случајот.

Слични вести