Комбе полно со српски туристи имаше сообраќајка кај Велес – нема повредени

by irena 12:42
12:42

Српски Курир рано утрово објави фотографии велејќи дека комбито со белградски таблички, во кое биле, доживеало несреќа во близина на Велес во Македонија, на пат кон Грција.

Комбито завршило на насипот, но за среќа немало сериозни последици.

Според информациите на патниците во возилото, возачот најверојатно бил совладан од замор.

Нанесена е видлива штета на возилото.

Нема официјални податоци за несреќата. Никој не е повреден.

Слични вести