Нападнат е новинар од Гостивар – добил закани дека ќе му ја одземат камерата

by irena 12:26
12:26

Гостиварецот Б.М.(48), новинар и сопственик на локална телевизија од овој град, синоќа пријавил во полиција дека околу 19:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата.

„Според пријавеното, најверојатно мотив за нападот е претходно објавена фото-вест од новинарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од СВР Тетово.

Слични вести