Генерал-мајор Јевгениј Хмара, раководител во Службата за безбедност на Украина (СБУ), ќе биде вршител на должноста министер за одбрана на местото на Михаил Федоров, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Му дадов задача на Јевгениј Хмара да ја преземе функцијата министер, да ја продолжи реформата на одбранбениот сектор и да обезбеди Украина да ги постигне сите резултати за кои разговаравме“, напиша Зеленски на Телеграм.

Хмара има стекнато значително, а во многу погледи и невидено искуство во спроведувањето операции за технолошки напади, рече Зеленски, додавајќи дека украинската одбрана треба да се посвети на ова за време на војната.
Ова именување сè уште треба да биде одобрено од парламентот.
Хмара ја поминал својата кариера во Службата за безбедност на Украина (СБУ). Тој стана генерал-мајор во 2024 година и раководеше со специјалните сили „Алфа“, елитната контраразузнавачка единица на Украина.
Неговото именување доаѓа по оставката на популарниот министер за одбрана Михаило Федоров, кој се повлекува од функцијата како дел од реконструкцијата на украинската влада.