На почетокот од идната недела, како што дознава „Фокус“ , во дводневна посета на земјава доаѓа претседателката на најмногубројната држава на светот Индија – Дроупади Мурму. Информацијата ја потврдија и од Кабинетот на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова и од Министерството за надворешни работи.
Индиската шефица на државата Мурму овие денови е на мини турнеја во Европа, во рамките на која првично било предвидено да ги посети Молдавија и Романија. Дипломатски извори за „Фокус“ наведуваат дека во рамките на турнејата со лобирање и помош од пријателски земји, таа во својата карта на посети ја впишала и Македонија.
Посетата на на претседателката на Индија Мурму, како што дознава „Фокус“, пред се економска и стратешка дипломатија со овој дел од Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Актуелното водство на Индија предводено од Мурму и премиерот Моди активно ја проширува соработката с оевропските земји, меѓу другото и преку – засилување на трговијата и инвестициите, особено во ИТ – секторот каде Индија е една од водечките земји во светот со огромен потенцијал и ресурси, потоа обновливи извори на енергија, во автомобилската индустрија, соработката на мали и средни фирми, дигитални технологии и вештачка интелигенција, како и научна и образовна соработка.
Предвидено е да се потпишат и неколу меморандуми за соранорка, како и да се зајакнат културните и врските со индиската дијаспора, промоција на на заеднички вредности како што е демократија и мултилатерализам.
Мурму од својата колешка Силјановска Давкова, најверојатно ќе побара поддршка за реформи во рамките на ООН, каде веќе е познато дека од поодамна Индија посакува да добие постојана позиција во Советот за безбедност. Но, и да се уосгласат заеднички ставови за прашања како што се глобалната стабилност, климатските промени и генерално меѓународната политика. Желба на официјален Њу Делхи е да се позиционира како мост за соработка меѓу Глобалниот Југ и Европа.
Најавената посета би била прва официјална на индиски претседател на Македонија од стекнувањето на независноста. А, таа е втора жена претседател на најнаселената држава на светот.
З.Ф.