Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на судиската функција која е веќе доставена до македонското Собрание, но за ваквиот чекор тој не го известил претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
Наумовски, без никаква најава, не се појавил на денешната седница.
-До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираа од Уставниот суд.
Наумовски беше избран за уставен судија во февруари годинава, по предлог на Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување.
Неофицијално, како причина за оставката судијата навел лични причини.
В.В.