Рутe: НАТО покажа на самитот дека е посилен од кога било

by irena 18:49
18:49

НАТО покажа дека е посилен од кога било на „повеќе од успешниот“ самит во Анкара, изјави денес генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, истакнувајќи дека самитот зрачeл со „големо чувство на единство“.

Зборувајќи на конференција во рамките на самитот, Руте рече дека НАТО „се ребалансирал на подобро“ и додаде дека сојузниците ја потврдиле својата „непоколеблива поддршка“ за Украина, објавува Гардијан.

Како што изјави, беше потврдена и поддршката за Член 5, кој предвидува дека вооружен напад врз една земја-членка ќе се смета за напад врз сите, а дека другите земји се должни да одговорат на нападот.

Според неговите зборови, американскиот претседател Доналд Трамп е „генерално во право“ кога предупредува дека е потребно да се брани арктичката област, нагласувајќи дека двајцата се согласиле дека НАТО треба да ги зголеми своите активности во таа област.

„Одделно, постојат трилатерални разговори меѓу Соединетите Американски Држави, Данска и Гренланд за нивните односи“, рече Руте, истакнувајќи дека ова е посебен процес во кој тој не учествува.

Кога беше прашан за следниот самит на НАТО, тој потврди дека тој ќе се одржи во Албанија, но дека „точното време“ сè уште не е одлучено.

Руте претходно рече дека Трамп бил во право што извршил притисок врз земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана, да ги модернизираат своите војски и да започнат војна со Иран.

Слични вести