Апасиев до Костадиновски: Не ти е голема биографијата туку стомакот

by irena 11:03
11:03

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, преку објава на социјалните мрежи ги искоментира за јавните настапи на Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

Апасиев оцени дека во „нормална држава професори стануваат уставни судии, а не обратно“, притоа доведувајќи ја во прашање академската биографија на Костадиновски.

Ќе му објасни ли некој на овој вмровски чиновник Дарко Костадиновски – актуелен претседател на Уставниот суд, дека во “нормална држава” професори стануваат уставни судии, а не обратно!

И дека објавени само 4 труда не е никакво професионално CV за почит во академската заедница. Друже, не оди подалеку – па само во регионов имаш уставни судии со над 70 труда во меѓународни списанија! Далеку си ти од тие стандарди.

p. s. И кажете му ве молам дека мемоари од тоа што бил кабинетски службеник кај претседатели на Републиката не се сметаат за “научни трудови”. Тоа е обична делизерска публицистика“, стои во јавната објава на Апасиев.

Слични вести