Лионел Меси (39) продолжува да блеска на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Аргентина ја заврши групната фаза со три победи, а Меси моментално е најдобар стрелец на турнирот со шест гола.
Así revisaron a Lionel Messi 🇦🇷 antes de viajar a Miami.pic.twitter.com/qT1mg1VB9F
— En Una Baldosa (@enunabaldosa) July 2, 2026
Во осминафиналето во Мајами, тие ќе се соочат со Зеленортските Острови – градот каде што Меси со години живее и игра клупски фудбал. Сепак, ниту тоа не му донесе никаква привилегија кога репрезентацијата пристигна на Флорида.
Снимките од аеродромот покажуваат како аргентинската ѕвезда минува низ темелна безбедносна проверка, вклучувајќи детектор за метал, скенирање на чевлите и проверка на личните предмети, исто како и сите други патници.
Така, барем на миг, фудбалската суперѕвезда беше само уште еден патник на редовна контрола.