Ограбена аптека кај Бит Пазар – разбојникот украл метална каса со пари

by irena 15:15
15:15

МВР информира дека доцна синоќа е ограбена аптека на подрачјето на скопски Бит Пазар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа околу 23:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана од вработената одзело метална каса со пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести