Како во спортот, така и во политиката, што помали се шансите за успех, толку повеќе се цени успехот кога ќе се постигне

by bogdan 15:51
15:51

Најлесно е да се направи темелна реформа на институција што сосема ја изгубила довербата на оние што некогаш ја поддржувале.

Ако во институцијата сѐ уште доверба имаат да речеме некоиси 50 отсто од луѓето, ако пробаш да направиш коренити промени, тие 50 отсто ќе те спречуваат оти се нели задоволни од постојната состојба. Во такви услови, само козметички промени може да се прават.

Арно ама, ако само два отсто се задоволни, кој ќе те спречи кога ќе тргнеш со реформа од темели на целата институција?

Добрата страна на тоа што нашиот правосуден систем „ужива“ во довербата од само два отсто од граѓаните е што ако власта тргне да го затресе од корен, само два отсто од народот ќе се засекира, додека другите 98 отсто ќе чекаат да видат што ќе се случи, и ако испадне добро, можеби довербата ќе се удвои.

Па, ќе биде… четири отсто!

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК