137
МВР информира дека вчера претпладне во 11:40 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на ул. „Филип Втори“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.Д. од Свети Николе и мопед со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(55) од Свети Николе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклиститот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од уводна екипа на ОВР Свети Николе.