Силен земјотрес ја погоди Кина

by irena 11:36
11:36

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во 11:06 часот наутро во Кина.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 37,9396 и географска должина 95,5568, 260 километри југоисточно од Дунгуанг.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Слични вести