Во болница почина 71-годишник од виничко – во саботата паднал од трактор

by irena 14:13
14:13

МВР информира дека вчера претпладне во 10:09 часот во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с. Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани увидна екипа на ОВР Виница извршила увид на местото.

Притоа, било констатирано дека на 06. овој месец во вечерните часови на локален пат во с. Драгобраште В.А. излетал од патот со тракторот кој го управувал, по што заминал дома без да побара лекарска помош.

Вчера утрината околу 09:00 часот неговиот син го однел во болницата во Виница за укажување лекарска помош, од каде што бил препратен во болницата во Кочани, но по кратко време му се слошило и од екипа на Итна медицинска помош Виница бил направен обид за реанимација, но тој им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести