Деве лица се повредени во пукање во близина на хотелот и тренинг центарот што англиската фудбалска репрезентација ги избра за подготовките за Светското првенство во Канзас Сити, Мисури, објави „Атлетик“.
Полицијата пристигна на местото на настанот околу 4 часот наутро по локално време по пријава за пукање и затекна голема група луѓе како се разотидуваат, според спортскиот портал во сопственост на „Њујорк тајмс“.
На местото на настанот, полицајците прво им пружиле помош на три повредени жени, додека шест други возрасни подоцна побарале медицинска помош во болница. Вкупниот број на повредени се зголеми на девет.
Сите тие претрпеле повреди кои не се опасни по живот.
Пукањето се случило недалеку од објектите што англиската репрезентација треба да ги користи за време на првенството. Тимот моментално е во Флорида и не бил во близина на местото на настанот.
Според достапните информации, никој не е уапсен, а полицијата ги истражува околностите на пукањето.