Закани, демнење и тепање: Нови случаи на семејно насилство врз жени

by irena 16:39
16:39

ОВР Виница поднесе кривична пријава против Н.П.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 22.05.2026 во семејната куќа во виничко село, пријавениот физички ја нападнал неговата 22-годишна сопруга и ѝ нанел повреди, констатирани во Здравствен дом Виница.

На 06.06.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ј.С. (58) од село во тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“, постапувајќи по пријава од неговата поранешна 53-годишна невенчана сопруга дека вчера во неколку наврати Ј.С. ја следел, вознемирувал и упатувал закани по нејзината безбедност, барајќи од неа да почнат повторно да живеат заедно. Ј.С. е задржан во Полициската станица Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2026 во 22:40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го лишија од слобода С.К. (30) од Скопје, постапувајќи по пријава од 30- годишна жена од Тетово, со која порано биле во врска дека истиот ден во неколку наврати ја следел и барал од неа повторно да бидат заедно. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2026 во 21:15 часот во Полициската станица Гевгелија, 23 -годишна жителка на Гевгелија пријави дека околу 20:00 часот на улица во Гевгелија нејзиниот сопруг Т.М. физички ја нападнал. Т.М. е повикан во Полициската станица Гевгелија, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.06.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 05.06.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата вонбрачна партнерка К.П.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести