На 06.06.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.К.(33) од Свети Николе и Ф.Ш.(37) од с.Рудник, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 20:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Х.(49) и Б.А.(45) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 околу 12:00 часот во СВР Скопје М.С.(33) од с.Булачани, скопско пријави дека во населба Илинден по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.06.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром по претходна вербална расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.А.(56) и З.Ј.(62) двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 23:00 часот во Градски парк во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.У.(32), А.У.(19), Т.У.(27), тројцата од село Горно Јаболчиште, општина Чашка и С.Л.(21) и двајца малолетници на возраст од по 17 години, тројцата од село Бузалково, велешко, затоа што за време на одржување спортска манифестација меѓу нив настанала физичка пресметка. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 06.06.2026 во 23:00 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода В.Д. (46) од Тетово, по претходна пријава од страна на А.А. (54) и Н.А. (49), двајцата од Тетово, дека во Тетово физички ги нападнал и им нанел повреди. Поради сериозноста на повредите, А.А. бил пренесен во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 07.06.2026 во 01:10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(34) и Н.А.(35) двајцата од Скопје поради тоа што М.М. нападнал полициски службеник и упатувал закани, а Н.А. спречувал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.06.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје С.Т.(43) од Скопје пријави дека во с.Долно Соње,скопско неговиот малолетен син бил физички нападнат од други двајца малолетници кои ги познавал, а претходно едниот од нив го сликал и снимал со мобилен телефон и исто така бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.