Евроамбасадорот Михалис Рокас смета дека се уште е рано да се прогнозира каков ќе биде конечниот исход од француско-германскиот нон-пејпер, кој е презентиран на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват.
Според него, разговорите на самитот се уште се во тек и во моментов не може да се каже какви заклучоци ќе произлезат од документот.
Тој посочи дека иницијативата претставува обид за поедноставување на процедурите и забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку постепено воведување на неопходните чекори за интеграција.
-Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите потребни постапки за пристапување на Западен Балкан во Европската Унија – изјави Рокас.