Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишија од слобода 11 лица, кај кои била пронајдена дрога.
На 04/05.06.2026 во Скопје, на повеќе локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Б. (21), Ј.Р. (24), Л.М. (22) и Г.М. (52), сите од Скопје, како и Х.Ќ. (36) и Т.К. (36) од Германија. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
На 04.06.2026 во 07:20 часот на Граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М. (39) од с. Калуѓерица, радовишко. При контрола на товарно возило „волво“ со полуприколка со радовишки регистарски ознаки, управувано од него, во кабината била пронајдена марихуана.
Истиот ден на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишија од слобода Р.К.Р.А. (38) од Перу. При преглед на автобус во кој се превезувал како патник, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли.
На 04.06.2026 во 20:50 часот на крстосницата од улица „172“ и улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода А.С. (26), А.И. (20) и А.В. (21), сите од с. Долно Палчиште, тетовско, кај кои била пронајдена марихуана и дробилка.
По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе следуваат соодветни поднесоци.