Објаснувањето е дека одлуката не е формулирана како дисциплинско исклучување на владиката Петар од Синодот во поширока смисла, туку како промена во постојниот работен состав на САС.
Што, беше кажано, е важна разлика, бидејќи сите архијереји се дел од Синодот во полн состав, додека работниот состав е потесно тело што функционира меѓу седниците на целиот архијерејски состав.
Неофицијално, во црковните кругови се зборува дека реакцијата на Петар доаѓа поради тоа што ги губи позициите во врвот на Црквата, а кои со години му даваа епитет на највлијателен владика, кој „жари и пали“ за сите важни прашања и правци на дејствување на Црквата.
Особено, затоа што веќе не е ниту член на постојниот состав на Синодот – тело што, според упатените, е највлијателно за моделирање на ставовите, темите и прашањата што се од интерес на Црквата.
Пишува
Зоран ФИДАНОСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК