Про Кредит групацијата го објави својот Извештај за влијание за 2025, извештај кој ги прикажува конкретните резултати и активности преку кои банката продолжува да придонесува кон одржлив економски развој, климатска одговорност и финансиска инклузија.
Извештајот покажува како одржливоста не е дополнителен сегмент во работењето на ПроКредит, туку е интегрирана во секојдневното банкарство, начинот на носење одлуки и долгорочниот пристап кон клиентите и заедницата.
Во текот на 2025 година, Про Кредит дополнително ги зајакна своите климатски и општествени заложби.
Зеленото кредитно портфолио на групацијата достигна 1,42 милијарди евра, со фокус на инвестиции во енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и еколошки технологии. Воедно, CO₂ Калкулаторот беше имплементиран во сите земји каде што работи групацијата, вклучувајќи ја и Македонија, овозможувајќи поддршка на бизнисите во мерењето и подоброто разбирање на нивните емисии и можностите за декарбонизација.
Извештајот ја истакнува и континуираната поддршка за микро, мали и средни претпријатија, како и зажени и млади претприемачи преку финансиски решенија, едукативни програми и советодавни услуги. Само во текот на 2025 година, групацијата реализираше речиси 29.000 часа обуки заклиенти, додека инвестициите во обуки и развојна вработените достигнаа 8 милиони евра.
Дополнително, извештајот ја потенцира важноста на луѓето и организациската култура во Про Кредит. Жените сочинуваат 64% од вработените во групацијата и 54% од менаџерските позиции на средно ниво, што ја потврдува посветеноста кон еднакви можности, професионален развој и инклузивна работна средина.
Покрај одржливите иницијативи, Про Кредит групацијата продолжи и со стабилен деловен раст. Кредитното портфолио порасна за 13,1%, при што 86,3% од кредитите се насочени кон микро, мали и средни претпријатија – сектор кој останува во фокусот на банката како двигател на економскиот развој.
Извештајот за влијание за 2025 година дава транспарентен приказ на пристапот на Про Кредит кон одржливото банкарство и начинот на кој долгорочната стратегија се претвора во мерливи резултати – преку поддршка на реалната економија, климатска акција и создавање позитивно општествено влијание.
Целосниот извештај можете да го погледнете тука.