Скопјанец излета со возилото на патот Велес – Градско, заврши во болница

by irena 13:18
13:18

МВР информира дека вчера рано наутро во 08:25 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Велес – Градско, патничко возило „лада“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(65) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес.

Слични вести