Многу години наназад, политичките партии ја експлоатираат темата за дорегулација на секторот за игри на среќа, со цел да рефлектираат кон сензитивноста на јавноста и граѓаните кон ова прашање.
Но, и покрај бројните најави, нов закон за игри на среќа до ден денес не стапил во сила.
Имено, поранешното парламентарно мнозинство на СДСМ и ДУИ, во 2024 година изгласа законско решение, кое, меѓу другото, забрануваше објекти за игри на среќа во радиус од 500 метри од училиштата, меѓутоа тогашниот претседател Стево Пендаровски не го потпиша указот, а истиот закон не доби поддршка во втор обид.
По политичките промени, пак, новата власт на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН најави слично законско решение во пресрет на ланските локални избори, но сето тоа остана само на декларативно ниво.
Всушност, речиси една година подоцна, актуелната влада повторно најавува оти предлог-закон, кој ограничува отворање обејкти за игри на среќа и забранува рекламирање, наскоро ќе биде доставен до Собранието, што предизивика разни реакции.
Додека индустријата тврди дека предлог-законот е дискриминаторски, неуставен и штетен, бидејќи, според нив, ќе резултира со диви играчници по подруми, опозицијата реагираше во сосема обратна насока, дел истакнувајќи дека ваков закон само би им одел во прилог на компаниите што се занимаваат со оваа дејност.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК