Интервју | Ненад Савески: Случајот „Мазут во ТЕЦ Неготино“ не е завршен, ќе ја вратам довербата во обвинителството!

by bogdan 10:53
10:53

Поминаа два месеца од изборот на судијата Ненад Савески за нов шеф на Републичкото јавно обвинителство. Низ правосудните патеки, тој ги поминал сите скалила, за од неодамна да се искачи и на оваа крајно одговорна позиција.

Републичкиот обвинител Савески, во интервју за „Фокус“ вели дека ќе ја врати довербата во оваа институција, а ветува и дека ќе ги подобри условите за работа.

Освен за неговата визија и планови, разговаравме и за актуелни случаи. За предметот „Пулс“, за кочанската трагедија, истакнува дека го дели ставот со останатите обвинители, потписници на обвинението, и дека нема простор за ревизија.

За „Мазутот во ТЕЦ Неготино“, случај што предизвика револт во јавноста по запирање на истрагата, потенцира дека сè уште не е сè завршено, особено делот за еколошкиот криминал, кој сè уште е во предистрага.

Разговара
Валентина ВУРМО

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК