150
Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош.
Според пријавата, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 19:15 часот пријавил дека истиот ден околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик.
Како што навел пријавителот, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ученик.
Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.