Значи, целосна доминација на Христијан Мицкоски и неговата екипа во првото полувреме, во првите две години од владеењето, ама второто полувреме штотуку почнува. Нема да биде исто.
Нема кој да нафрла евтини кредити од унгарскиот корнер, со кои лесно се полни мрежата со поени од рејтинг.
На чело на главниот град повеќе нема непријателски градоначалник, кој може да биде обвинет за секој застој и проблем.
Кај и да е и судскиот систем полека доаѓа под цврста контрола на владејачката партија, со последните измени во раководните структури во обвинителството и во Судскиот совет.
Опозицијата е слаба и расцепкана и со најавите за нова политичка сила таму ќе биде уште порасцепкана и побезначајна.
Сѐ е полесно, ама сѐ е и потешко.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК