Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од владата на Мицкоски: Дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата велат „Поминат е цел еден месец откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и посебно го спомена Груевски. Од тогаш – тишина. Министерството за правда вели „документите се комплетираат“. Месец дена документи „патуваат“, а сега се „комплетира документација“.
„Дали оваа влада сака да ги апси криминалците кои се на потерница и осудени во Македонија или не сака? Дали правдата важи за сите или е селективна, како и секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт? Мицкоски и неговата криминална организација продолжуваат со заштита на Груевски, давајќи му време за бегство. Граѓаните јасно гледаат: кога станува збор за нивните криминални соработници – тишина и заштита“ велат од СДСМ.