Тешко повредени пешак и велосипедист во Чашка и Виница

by irena 13:23
13:23

На 02.05.2026 околу 17:10 часот во ОВР Виница е пријавено дека на крстосницата од ул.„Крушевска Република“ со ул.„Христо Узунов“ во Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(67) од Виница и велосипед, управуван од Ј.Ј.(78) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавна здравствена установа Виница. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница.

На 02.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионален пат село Извор – Општина Чашка, во близина на место викано „Врановски Анови“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ.(57) од Велес. Р.Ѓ. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Велес, по што бил препратен на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Слични вести