Што ако имањето двојно државјанство за функционерите, наместо забрането, го направиме задолжително?

by bogdan 09:08
09:08

Како човек може да докаже дека нема двојно државјанство ако државата што сака да му ја уништи кариерата за да може некој нејзин пулен да помине, тврди дека му дала пасош?

Треба да потпише изјава кандидатот за функционер дека се откажува од кое било друго државјанство, и да го имал, и да го немал!? Во ред, таква изјава ќе потпише и оној што го крие другото државјанство, а е фаворит на непријателската странска држава.

Па, што сме постигнале? Чесниот се колне дека е чесен, нечесниот исто се колне дека е чесен, а нема начин да ја откриеме вистината, без соработка на странската држава.

Значи, на странската држава сме ѝ дале, де факто, право на вето врз тоа кој да биде функционер во нашата држава.

Утре Бугарија може да рече дека Христијан Мицкоски има бугарско државјанство ако тој не игра по нејзините ноти, и човекот како ќе докаже дека нема, штом ете и Бугарија, а и од опозицијата ќе велат дека има?

Пишува
Нено БОГДАН

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК