Вицепремиерот за добро владеење – Арбен Фетаи пред повеќе од еден месец заминал од Владата и од вицепремиерскиот кабинет. Јавноста за тоа дозна од министерот за здравство Азир Алиу кој откри дека Фетаи веќе еден месец не доаѓа на седници на Влада.
Премиерот Мицкоски во интервју кажа дека тој знаел и разговарале за одлуката на Фетаи да се повлече од владиниот состав.
Разговаравме имајки ги предвид неговите квалитети и ангажмани во Брисел пред да дојде и да биде вицепремиер, сепак да и помага на Македонија од Брисел, Ќе видиме ќе разговараме да биде една врста наш специјален преставник во седиштето на ЕУ во Брисел. Се договоривме да размислиме и да дефинираме за неговиот ангажман во Белгија – рече премиерот.
Фетаи вечерва за првпат преку фејсбук се огласи во јавност, но не од Брисел, туку од Таланд каде што е најверојатно на туристичко патување.