„Се работи на 10 критични точки од реформската агенда за ЕУ, од нив шест се при крај“

by irena 14:10
14:10

Нашата држава работи на десет критични точки кои се обемни, а една од нив е реформите на Изборниот законик, истакна денеска министерот за европски прашања, Беким Сали, кој одговараше на новинарско прашање, дали е пристигнат Извештајот на Европската Комисија за 2025 година.

-Едно од специфичните точки е Изборниот законик, кој што бара поголем, поширок консензус, не можеме тоа да го направиме преку ден, само за да го исполниме тој чекор. Затоа што износите кои што ги споменуваме е осум милиони евра за секој чекор. Меѓутоа дали финансискиот дел е главниот мотив или пак исполнувањето на чекор со цел функционирање на системот е наша цел. Сметам дека како политичари треба да мислиме на идните процеси. Секако и финансискиот дел е една инфузија за нашиот финансиски систем. Меѓутоа ние како политичари треба да сносиме одговорност за иднината на државата и тука изборите ни се многу битен фактор-изјави Сали.

Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека има уште 10 чекори што треба нашата земја да ги исполни до јуни, кои, како што рече „се во рамките на грејс периодот“.

-Ова е системот по кој што функционира реформската агенда, и доколку периодот помине, а тие не се исполнат, тогаш парите се губат. Владата и министерствата што се засегнати со овие 10 чекори работат напорно да ги исполнат истите. На тоа се однесуваше предупредувањето, и такво предупредување не беше испратено само кон Северна Македонија туку и до другите земји кандидати што ги исполнуваат нивните реформски агенди. Значи, во тек е напорна работа, не можам да давам предвидувања, ќе треба да почекаме до крајот на јуни за да го видиме исходот- изјави Рокас.

Евроамбасадорот Рокас додаде дека исто така, во тек е извештајниот период за чекорите што треба да се исполнат до јуни 2026 година.

– Јас и мојот тим тесно соработуваме со сите министерства и гледаме дека постои моментум. Но не можам да предвидам каков ќе биде исходот на крајот од јуни, односно ќе треба да почекаме дотогаш- вели Рокас.

Слични вести