Невиден интерес за фудбалскиот натпревар БиХ – Македонија во Сараево – веќе се продадени 22.000 билети

by irena 16:46
16:46

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина им соопшти на навивачите дека е во тек претпродажбата на билети за пријателскиот натпревар помеѓу Босна и Херцеговина и Македонија, кој ќе се игра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево.

Поради големиот интерес, досега се продадени околу 22.000 билети, соопшти ФС БиХ. Стадионот има капацитет од 30.121 место.

Правото за купување однапред е резервирано исклучиво за корисниците кои се регистрирале на платформата https://bhff.fans/bs/ најдоцна до 22 април во 7:30 часот наутро, кога е исполнета квотата за бројот на понудени билети.

Регистрацијата по тој датум не дозволува учество во претпродажбата.

Сите регистрирани корисници добиваат пристап до купување преку е-пошта испратена од Event.ba, а максималниот број на билети по корисник е два.

Слични вести