171
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 12 управувале возило без возачка дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол.
Четири возачи во Скопје, двајца во Куманово и по еден возач во Тетово, Гостивар, Велес, Дебар и Битола возеле без возачка дозвола, додека еден возач во управувал возило без дозвола и под дејство на алкохол.
Еден возач во Скопје и еден во Неготино управувале возило со активна забрана, а еден возач во Струмица управувал возило под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.