Секоја граѓанска иницијатива, која прави обид нешто да издејствува од власта, речиси секогаш е инфилтрирана од луѓе што се подготвени да ги изневерат граѓаните, со цел да остварат корист за себе лично од страна на власта.
Просто, на секоја власт ѝ доаѓа поевтино, наместо да ги задоволи барањата на граѓанските иницијативи, да им фрли по некоја паричка на лидерите на граѓанските иницијативи за тие да ги разочараат следбениците.
Затоа граѓаните треба да се свесни дека првите неколку обиди за граѓански иницијативи ќе завршат неславно, па не смеат да се откажат уште при првиот или вториот неуспех на граѓаните.
Ако власта знае дека ако треба и десет, море и сто и десет иницијативи ќе направат луѓето сѐ додека не се реши проблемот, уште на старт ќе одлучи дека поевтино е да го реши проблемот, отколку да ги саботира искрените иницијативи.
Пишува
Нено БОГДАН
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК