ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со избори во Унгарија, наместо да се фокусира на сопствените проблеми

by valentina 10:13
10:13

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека СДСМ и лидерот Венко Филипче се занимаваат со, како што велат, изборните резултати во Унгарија, наместо со внатрешните политички и партиски предизвици во Македонија.

Од партијата наведуваат дека е неразбирливо СДС да ја слави победата на унгарски политички опции, додека нивната сестринска партија, според нив, освоила околу 1% од гласовите и останала надвор од парламентот.

Во реакцијата се посочува и дека СДС треба да се фокусира на реформи и консолидирање на сопствените редови, наместо на, како што велат, надворешни политички процеси.

Слични вести