Социјалистичка партија по апсењето на Анакиев ги повика надлежните институции да постапуваат според закон

by jadranka 10:47
10:47

Социјалистичката партија на Македонија реафгираше на апсењето на нејзиниот партиски потпретседател Васе Анакиев за обид за изнудување на мито. Во своето соопштение што го испратија до медиумите , од оваа партија која е дел од владејачката коалиција ја истакнаа определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата. „Оттаму нашите очекувања од новата демократска власт се во воспоставувањето на владеење на правото и на правната држава, но и во одговорноста во работењето на секој поединец или институција“, стои во соопштението на СПМ.

Истовремено Социјалистичката партија на Македонија жестоко реагира од нападното партиско етикетирање на актуелни случаи со сериозни обвиненија и тенденциозното објавување фотографии со кои се гази врз човековото достоинсво, а за што од одговорните е потребно издржано објаснување.

Социјалистичката партија на Македонија ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги превземаат сите активности во разоткривањето на било кој случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност,, гласи коментарот на владејачката партија.

Директорот на државниот инспекторат за земјоделие синоќа е уапсен во полициска акција поради мито. Првичните неофицијални информации велат дека Анакиев, кој раководи со Инспекторатот од 2024 година, е фатен при примање поткуп од околу 50.000 евра.

Анакиев на функцијата директор на Инспекторатот стапил во јули 2024 година. По образование е дипломиран инженер агроном, а во 2024 година магистрирал економски науки на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Неговото професионално искуство започнува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во 2008 година. Подоцна бил член, а потоа и претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште, функција што ја извршувал во периодот од 2012 до 2014 година. Во периодот од 2017 до 2021 година бил претседател на Советот на Општина Чешиново-Облешево.

Слични вести